Сменет руски генерал, го обвинил военото раководство дека им забило нож во грб на војниците

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот генерал Иван Попов, кој беше командант на 58-та армија, денеска соопшти дека е сменет од таа позиција откако изјавил дека на руските војници им бил забиен нож во грбот поради неуспехот на военото раководство.

„Беше тешка ситуација со властите бидејќи имаше две опции – молчи, биди кукавица и кажи им го она што сакаат да го слушнат или да ги наречеш работите со нивното вистинско име. А јас, во името на сите мои пријатели кои загинаа, немав право да лажам. Затоа ги презентирав сите проблематични прашања кои постојат во армијата денеска“, рекол Попов во говорната порака објавена на Телеграм, пренесува рускиот портал РБК.

Тој додаде дека, за време на разговорот со претпоставените, се фокусирал на „најважната трагедија на модерното војување“, односно на недостигот од контрабатериска борба и артилериско извидување, но и на големиот број убиени и ранети војници.

„Покренав и голем број други прашања – искрено и остро. Очигледно високите команданти почувствувале некаква опасност и во еден ден министерот за одбрана излезе со наредба, ја издаде и се ослободи од мене“, рече Попов.

Слични содржини