Смешно е – не држат овие работи, рече Таравари откако беше обвинет од „Европскиот фронт“ за мал број вработувања на албански кадар

од Nikola Popovski
463 прегледи

Мене ми се смешни обвинувањата. Не држат овие работи, рече министерот за здравство, Арбен Таравари, откако беше обвинет од опозициската коалиција „Европски фронт“ дека низ институциите имало многу малку вработувања на албански кадар.

Сепак, вели дека ги разбира и тоа е задачата на опозицијата.

-Фактите ќе кажат како стојат работите, додаде Таравари, одговарајќи на новинарски прашања.

Екс-министерот Кренар Лога и други членови на Европскиот фронт со реакција на одлуката на Таравари за директори на Клиники и институти да постави 10 Македонци и еден припадник на турската заедница.

-Етничкото чистење на Албанците во институциите кое започна со намалувањето на процентот преку „балансерот“, продолжува со здравствениот сектор на чело со Арбен Таравари, обвинија од Алијанса за Албанците. Партијата саркастично упати „честитки“ до новиот министер за здравство.

Од партијата на Зијадин Села истакнуваат дека директорот на Клиниката за Токсикологија, поставен лично од Таравари, отпуштил 18 Албанци.

-Во меѓувреме, голем број вработени во други клиники алармираат дека добиле предупредувања дека многу брзо може да ја имаат истата судбина. Го повикуваме Таравар и коалицијата ВЛЕН сега да престанат со оваа сервилност со сериозни последици за Албанците. Јавно ги прашуваме дали е ова политиката што толку помпезно ја најавуваа и промената што им ја ветуваа на Албанците во изборната кампања. Со оваа промена навистина ги спроведувате политиките на Мицкоски – „Македонија повторно твоја“, стои во партиското соопштение на АА.

Слични содржини