Сметка од Копаоник ги „запали“ социјалните мрежи: Погледнете за што е платено 1.300 денари

од Берта Китинска
365 прегледи

Копаоник важи за најскапата српска дестинација во текот на зимата. На социјалните мрежи се појави сметка од таму која предизвикала бурни реакции.

Една девојка на социјалната мрежа Твитер сподели фотографија од сметката што ја добила во угостителски објект на Копаоник.

Девојката била во шок и во описот на фотографијата напишала дека дека за чај платила 350 динари (180 македонски денари), што во суштина е само топла вода.

Вкупната сметка за уште две кафиња, вода и сок изнесувала 2.470 динари (1.300 денари).

Слични содржини