Смилевски кон ВМРО-ДПМНЕ: Знам дека Ве боли што Бутел се гради, додека Вие ја уништувавте и назадувавте општината

од Vladimir Zorba
508 прегледи

Градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски излезе со реакција за информациите во неколку медиуми блиски на ВМРО-ДПМНЕ а кои се однесуваат за промена на името на општинското основно училиште Петар Здравковски – Пенко.

„Пред да ширите лажни вести, Ве повикувам да ги видите сегашните услови на учениците во споредба со вашето владеење и таму во холот на училиштето ќе ја видите и бистата на Петар Здравковски – Пенко која беше отстранета поради градежни зафати и истата ќе биде поставена на истото место.

А, што се однесува до таблата, нарачана е нова светлосна табла и истата ќе биде наскоро поставена.

Би сакал да ве потсетам дека во само две години како градоначалник на општина Бутел, Пенко е целосно рекоструиран, а, поради тоа што не знаете ќе ви набројам неколку зафати:

✓ Асфалтирано е платото пред училиштето,
✓ Комплетно е реновирана филскултурна сала.
✓ Променети се старите со нови ПВЦ прозорци
✓ Заменети се старите врати од училниците
✓ Комплетно се реконструирани санитарните јазли во училиштето
✓ Поставен е нов ламинат
✓ Поставени се интерактивни табли
✓ Набавени се нови реквизити за реновираната фискултурна сала идр.

До кога ќе креирате лажни вести за Бутел. Знам дека Ве боли што Бутел се гради, додека Вие ја уништувавте и назадувавте општината во изминативе 12 години“, реагира Смилевски.

Слични содржини