Велимир Смилевски, градоначалникот на скопската општина Бутел за 24 инфо вели дека реализацијата на планираното немало да биде успешна, доколу ја немал поддршката од жителите, централната власт и тимот со кој работи. За изминатите две години реализирани се повеќе проекти од инфраструктурата, комунални дејности, образование, социјална заштита и останати дејности каде што општината има надлежност. Политичкиот ангажман и дополнителните обврски, бараат големи и сериозни отстапки за штета на приватниот живот. За себе вели дека подолго време е дел од политиката и се надева дека во иднина ќе има повеќе време, кое ќе го искористи со семејството.
Што им ветувате на граѓаните за следниот период и дали ќе се кандидирате на следните избори?
– Во периодот кој следи предвидени се бројни проекти, кои во мементов можам да ги издвојам следните.Изградба на краците на улици во населба Визбегово ( крак од улица 3 до ново планираното училиште и крак од улица 4 и рехабилитација на улица 4 исто така во Визбегово.
Во план е изградба на решетки за регулирање на атмосферски води на Љуботенски пат и изградба на водоводна мрежа и фекална канализација од улица 3 до новопроектираното училиште во с.Визбегово. За мене прво и најважно е да го исполниме веќе ветеното во периодот кои следи.
Убеден сум дека со крајот на мандатот ќе имаме висок процент на реализацијата од ветените проекти, а тоа ќе биде дополнителен мотив за да размислам за повторна кандитатура на следните избори.