„Смрдев на алкохол“: Џорџ Клуни откри кој филм го снимил пијан

од Stefanija Kuzmanovska
415 прегледи

Холивудскиот актер Џорџ Клуни играше бројни улоги, а сега откри дека за време на снимањето на филмот „Еден убав ден“ со Мишел Фајфер, од 1996 година, бил толку мамурен што едвај успеал да ги сними сцените.

– Пијанството не беше во мојот план, сето тоа беше комбинација на околности. Претходната вечер излегов со пријателите и се опијанив, а потоа добив порака дека снимам рано наутро. Веќе бев влезен во чашата – откри Клуни во шоуто Actors on actors и додаде:

– Кога го видов мојот одраз во огледалото, ми беше јасно дека сè уште сум пијан … Отидов на сетот, а таа (Мишел) дојде до мојата приколка, седна, ме погледна, а јас само реков дека не знаев дека толку рано имаме сцена.

Како што понатаму изјавува, Мишел забележала дека е во алкохолизирана состојба.

– Таа само потврди дека сум очигледна пијан. Не го заборавив текстот, што е добар, но лошо е што навистина смрдев на алкохол. Ние испрскавме сè околу мене за да го неутрализираме тој мирис, но сè беше залудно – се присетува популарниот актер.

Слични содржини