Смртни закани до министерот Салвини: „На врат имаш тројца Албанци“

од desk2
191 прегледи

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини добил заканувачка порака која ја објавил на Twitter, пренесе тиранската телевизија Ora News.

Анонимното писмо пристигнало во седиштето на Министерството за внатрешни работи.

На лош италијански јазик пишува „На врат имаш тројца Албанци, ќе бидеш убиен, ти си свиња, геј…“

Министерот Салвини во својот коментар напишал „Одам напред во мојата работа, бакнежи и прегратки“.