Смртни закани за Пирло и неговиот син

од Stefanija Kuzmanovska
597 прегледи

Доминацијата на Јувентус во Италија, која траеше со години, привршува. И таа крај на серијата титули се совпадна со доведување на Андреа Пирло на позицијата тренер на „Старата дама“, па не е ни чудо што легендарниот фудбалер е доживуван како главен виновник.

Прашање на време е кога Јувентус математички ќе ги загуби шансите да ја одбрани титулата и кога Интер ќе биде промовиран во шампион. Фановите не се помируваат лесно со ова сценарио, а најекстремните се подготвени да го искажат својот гнев кон „главниот виновник“, а за нив тоа е тренерот почетник. А некои се подготвени да отидат толку далеку и да му се заканат на својот некогаш сакан фудбалер со смрт. Тие закани ги откри синот на Пирло, Николо.

– За сè има граници. Денес секој има моќ да каже што сака, но во овој случај, единствена вина е што сум син на тренер, кого некој сега не го сака. Ставете се во моја ситуација – напиша Николо Пирло на Инстаграм со скриншот од заканата на која пишува „Мора да умреш со татко ти“.

Дефинитивно живееме во време кога многу работи брзо се забораваат, вклучувајќи го и фактот дека Јувентус излезе од калта во која падна по „Калчополи“ и повторно стана победнички клуб едвај кога Пирло дојде од ривалот Милан во 2011 година како слободен агент. Оттогаш, и во следните четири години колку што помина во Јувентус, „Старата дама“ освои ист број на титули, од кои првата по шест години, а тимот го одигра првото финале во Лигата на шампионите од 2003 година.

Секако, партиите на терено никогаш не треба да се амнестираат за лошите потези и грешки како тренер и тој секако има одговорност за ставање крај на серијата трофеи. Но, тој дефинитивно не го заслужил ова.

Слични содржини