
Седум лебеди, сопственост на кралицата Елизабета II, умреле од птичји грип во замокот Виндзор, пишува „Дејли телеграф“.
Британското Министерство за животна средина спроведе тестови за да открие од што птиците умреле. По што е констатирано дека смртоносниот вирус е најверојатно причината за нивната смрт.
Нивните стравови се појавија откако дваесет лебеди од „Виндзор“ загинаа, а неколку „сега се на работ на смрт“.
Според извори блиски до кралицата, веста сериозно ја вознемиририло Нејзиното Височество, која е љубител на животни, и мислата дека загинале од птичји грип, ја ужаснува. Дејвид Барбер, кој се грижи за лебедите на монархот веќе 16 години, рече дека е многу вознемирена од загубата.
Одгледувањето на птици од страна на кралското семејство е 800-годишна традиција. Видот на лебедот, кој е во Виндзор е еден од најчестите на островот.