Најмалку шест лица загинаа, а многу други се повредени во Мјанмар, откога невремето го погоди градот Симве во областа Ракин. Невремето предизвикало ветрови со брзина од 200 километри на час.
Десетици илјади луѓе кои живеат долж брегот на Бангладеш и Мјанмар се погодени од циклонот и се засолнети во засолништа, додека стотици други жители се скроз евакуирани поради порастот на морската вода.
Невремето оштети куќи, електрични трансформатори, чамци и канделабри и ги откорна покривите од зградите.
Најмалку шест лица загинаа во Мјанмар, а повеќе од 700 се повредени поради силниот ветер.
Повеќе од 1.500 засолништа за циклони се поставени во Бангладеш, земја со околу 160 милиони жители, додека повеќе од 10.000 луѓе од селата во Мјанмар се принудени да бараат засолниште во цврсти објекти како храмови, училишта и манастири.