Смртта на Џорџ Флојд: Како се применува законот врз Афроамериканците

од Stefanija Kuzmanovska
207 прегледи

Протести и насилство избувнаа во градовите ширум Америка поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Би-би-си проучуваше некои податоци поврзани со злосторства и правда во САД и што покажуваат тие за искуството на Афроамериканците кога станува збор за законот и редот.

1. Афроамериканците имаат поголеми шанси да бидат убиени од полицијата на улица

Достапните бројки за инцидентите во кои полицијата пукала во луѓе и ги убила покажуваат дека за Афроамериканците постои поголема шанса да да бидат погодени од смртоносен истрел во однос на вкупната американска популација.

Покрај тоа, во 2019 година, иако Афроамериканците сочинуваа помалку од 14 проценти од населението (според официјалниот попис), полицијата отворила оган врз нив во повеќе од 23 проценти од случаите. Во повеќе од 1.000 такви ситуации, истрелите на полицијата биле смртоносни.

И таа бројка е релативно слична од 2017 година, додека бројот на бели жртви опаѓа од тогаш.

2. Повисока е стапката на апсења на Афроамериканци за злоупотреба на дрога

Афроамериканците се уапсени за злоупотреба на дрога по многу поголема стапка од белите Американци, иако анкетите покажуваат дека тие ги користат во слична мерка.

Во 2018 година, околу 750 од секои 100.000 Афроамериканци беа уапсени за злоупотреба на дрога, наспроти 350 на 100.000 бели Американци.

Претходните национални истражувања за употреба на дрога покажуваат дека белците користат дрога во иста мерка, но стапката на апсење на Афроамериканците е упорно поголема.

3. Се затвораат повеќе Афроамериканци 

Афроамериканците затвораат пет пати повеќе од белите Американци и скоро двојно повеќе од Хиспаноамериканците, според најновите достапни податоци.

Во 2018 година, Афроамериканците сочинуваа скоро 13% од американското население, но сочинуваа скоро третина од затворското население во земјата.

Белите Американци сочинуваат околу 30 проценти од популацијата во затворите – и покрај тоа што сочинуваат повеќе од 60% од вкупното американско население.

Тоа е повеќе од 1.000 афроамерикански затвореници на секои 100,000 Афроамериканци, во споредба со околу 200 бели затвореници на секои 100,000 бели Американци.

Стапката на затворање се намали за Афроамериканците во последната деценија, но тие и понатаму сочинуваат поголем дел од затворското население од која било друга раса.

Слични содржини