676
Смути богато со витамин Ц
Состојки:
– 3 излупени портокали
– 1/2 чаша брусница
– 1/2 банана
– 1/4 чаши јогурт
– малку екстракт од ванила
Подготовка:
Исецкајте го овошјето на помали парчиња, па ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека смесата не стане еднолична.
Истурете во чаша и уживајте.