Снаата на Цеца ќе носи венчаница со 3.000 кристали, но тоа не е сè

од Elena Daskalova
331 прегледи

Овој викенд ќе се одржи венчавката на Вељко Ражнатовиќ и неговата избраничка Богдана Родиќ.

Медиумите со големо внимание ги проследија моминската вечер на Богдана, а потоа и ергенската вечер на Вељко, а за двете забави може да се каже дека беа спектакуларни.

Но, она што сега се шушка е дека Богдана ќе смени три фустани за време на свадбата. Долго време се шпекулираше дека еден од нив е токму оној кој Цеца го носела на својата свадба, но фолк-дивата неодамна изјави дека за тоа првпат чула од медиумите.

Една од венчаниците Богдана ќе ја носи при склучувањето на граѓанскиот брак, другата за венчавката, а најскапата и најлуксузната ќе ја носи за време на приемот во хотелот Хајат. Како што дознава српски „Пинк“, на оваа венчаница рачно се шиени 3.000 кристали.

Слични содржини