Снајдер: Го избрав Галатасарај пред Ливерпул, за да освојувам трофеи

од Vladimir Zorba
215 прегледи

Поранешниот холандски репрезентативец, Весли Снајдер изјави дека го избрал Галатасарај пред Ливерпул во 2013 година за да освојува трофеи.

Тогаш офанзивниот играч од средниот ред го напушти Интер во насока Истанбул за 7,5 милиони евра. Со турскиот гигант, Снајдер освои две титули во земјата и три Купа и Супер Куп во текот на четири сезони.

„Многу луѓе се изненадија од мојот избор? Се запрашале зошто не сум го избрал Ливерпул? Јас сум победник и играм за трофеи. За тоа се упатив кон Турција. Знаев дека со Галатасарај ќе заработам многу и сметам дека го направив вистинскиот избор“, рече Снајдер.

Неговата одлука е разумна бидејќи последниот трофеј на Ливерпул датира од сезоната 2011/12, кога Кардиф беше поразен во финалето на Лига Купот по пенали.

Слични содржини