Снајдер: Можев да бидам како Меси и Роналдо, но не сакав

од Vladimir Zorba
234 прегледи

Поранешниот холандски репрезентативец Весли Снајдер изјави дека имал потенцијал да биде на исто ниво со светските мегаѕвезди Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Снајдер, кој сега има 38 години, играше за клубови како Реал Мадрид, Интер и Галатасарај.

„Можев да бидам како нив, но едноставно не сакав. Уживав во животот и можев да пијам чаша вино на вечера. Лео и Кристијано се различни. Тие жртвуваа многу за нивниот успех. Но, мојата кариера совршено ми одговара. Беше одлично“, изјави Снајдер.

Тој откри и зошто избрал да игра во Турција, одбивајќи понуда од Ливерпул.

„Многу луѓе беа изненадени. Но, јас сум победник, целта ми беа титули, па отидов во Турција бидејќи мислев дека ќе освојам повеќе со Галатасарај со тоа што ќе станам шампион. Ми се чини дека го направив вистинскиот избор. Имам прекрасни спомени од времето во оваа земја“, изјави Холанѓанецот.

Слични содржини