Универзитетски хигиеничар кој ги поминувал ноќите во чистење на тоалети, а деновите во прототипови, дипломирал оваа недела со диплома по механоинженерство на 54-годишна возраст. Во очајно барање работа по серија од финансиски проблеми, меѓу кои одземање на неговиот дом, банкрот на приватниот бизнис и одземање на неговиот автомобил, Мајкл Водре почнува да работи како хигиеничар во Политехничкиот институт во Вустер во 2008 година, што си мислел дека ќебиде само привремено.
“Парите беа многу помалку отколку што бев навикнат да заработувам, но барем заработив нешто”, вели Водре пред NBC News.Сега, откако во текот на осум години учев и работев, семејниот човек, татко на три деца веќе има диплома по механо-инженерство од универзитетот со втора специјалност психологија. Идејата да посетува настава активности кои универзитетот ги нуди бесплатно за своите вработени, се раѓа кај Водре, бидејќи тој имал потреба од нешто “за да ги отфрли своите мисли од ужасните околности” околу него пред речиси 10 години. Освен што го губи градежниот бизнис во време на рецесијата, како и домот и автомобилот, неговата мајка починала неодамна. “Се претворив во една сенка на себе”, вели тој. “не чувствував никаква болка, но не чувствував и ништо убаво.”
Водре започнува со предавања по психологија, потоа почнува да се интересира за механо0-инженерство. Откако ќе ја завршел ноќната смена, тој се прибирал дома во станот, во кој двајцата со неговата сопруга живееле откако ја изгубиле својата куќа, спиел по не повеќе од два и пол часа, по што се враќал во универзитетот за предавања. “Јас страдам од несоница, но во овој случај имаше корист од тоа”, се шегува Водре. Земајќи по еден или два предметот на семестар, тоа му го дава интелектуалниот стимул кој му недостасуваат додека ги пребришувал црните табли и го собирал ѓубрето низ универзитетот.
Претседателското решение
Иако бил со повеќе од 30 година постар од своите колеги, тој истакнува дека никогаш не се почувствувал лошо. “Тоа беше навистина позитивно искуство”, вели тој. “За време на сите групни активности никогаш не почувствував дека не сум посакуван.” Кога го кажував на своите колеги дека ноќе обично ги чистам со правосмукалка наставните соби во кои тие седат во текот на денот, тие “навистина изразуваа почит за тоа”, додава тој.
Откако посетува неколку активности во Политехничкиот институт во Вустер, новата цел во животот му станува добивање на диплома. Со емоционалната поддршка на неговата сопруга Џојс, која е училишниот професор, Водре успева да земе студентски кредит, од кои има потреба. “Во никој случај немаше да се справи сама,” вели тој. “Дури за време на викендите, кога физички бев дома, сопругата и јас не поминуваат многу време заедно. Таа се жртвуваше заради мене.” Таа, исто така добива поддршка од универзитетот.
Ерик Чојновски од Политехничкиот институт во Вустер сподели пред NBC News дека универзитетот е “возбуден од тоа што еден од чистач постигнал нешто слично.” “Мајк навистина може да служи за инспирација. Добивањето на дипломата која тој сакаше, не е воопшто лесно”, вели тој. “Многу сме горди што тој ја заврши наставната програма тука.” Сопругата на Водре и неговите три деца видоа во саботата како ја добива дипломата . Претседателот на универзитетот Лори Леши пак го спомна како пример за надминување на тешкотиите. “Мајк можеше да запре во секој момент. Тој, сепак не се откажа. Ова се нарекува упорност.”
Водре не е единствениот чистач во колеџ во Масачусетс, кој го привлекува вниманието во моментов. Минатиот месец Boston Globe напиша за чистач во Бостон колеџ, чија работа таму овозможува и на петте негови деца да завршат школување на универзитетот.
