Снег провејува на премините Стража и Ѓавато, сообраќајот се одвива без забрани

од desk4
108 прегледи

На Стража и Ѓавато утринава провејува снег со слаб интензитет, но тој не се задржува на коловозот, информира Авто мото сојузот на Македонија.

На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.