Снегот ги фати неспремни возачите- верижен судир на Партизанска вечерва

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Повеќе од три автомобили се судриле вечерва на ул. Партизански одреди во Скопје. Според неофицијалните информации , нема потешко повредени, настаната е само материјална штета.

soobrakajka-aaa3_2015117195159

Според информации на очевидци, улиците  се лизгави,не се исчистени,  има натрупано неколку сантиметри снег, па малото невнимание и неприлагодената брзина може да предизвика уште една ваква глетка.

Ова е втор верижен судир вечерва откако и кај Народната Банка се судрија неколку автобуси.За среќа и таму нема повредени патници.