Снегот го парализираше најголемиот германски аеродром

Обилните снежни врнежи денеска привремено го парализираа сообраќајот на аеродромот во Франкфурт, најголемиот аеродром во Германија, поради што летовите беа целосно прекинати повеќе од еден час.

од desk4
14 прегледи

Обилните снежни врнежи денеска привремено го парализираа сообраќајот на аеродромот во Франкфурт, најголемиот аеродром во Германија, поради што летовите беа целосно прекинати повеќе од еден час.

Како што соопшти операторот на аеродромот, Fraport AG, воздушните операции биле запрени околу 15 часот по локално време, кога пистите биле покриени со снег. Во тој период немало ниту полетувања ниту слетувања.

Според податоците на Фрапорт, најмалку 67 од вкупно 922 планирани летови за денеска биле откажани, а десетина авиони биле пренасочени кон аеродромот во Штутгарт.

Пистите повторно биле отворени околу 16:15 часот, но од аеродромските власти предупредија дека и понатаму се можни доцнења во авионскиот сообраќај.

На патниците им беше препорачано редовно да го проверуваат статусот на своите летови директно кај авиокомпаниите.