279
На југот на САД силна снежна бура доведе до моќни торнада, а меѓу најпогодените се сојузните држави Мисисипи и Тексас.
Неколку лица се повредени, а оштетени се згради во Тексас.
Во понеделник и вторник беа одложени околу 9.000 летови, а лоши временски услови се очекуваат во поголемиот дел од оваа недела.
Поради невремето затворени се патиштата во некои западни американски сојузни држави каде се очекуваат и до 60 сантиметри снег.