Снежно невреме во Србија, СЕДУМ СЕЛА ОТСЕЧЕНИ ОД ЦИВИЛИЗАЦИЈА (ВИДЕО)

од Берта Китинска
208 прегледи

Снегот и силниот ветер создадоа проблеми во општина Нова Варош во Србија.

Невремето тсече седум планински села во Нова Варош, а во неколку од нив нема електрична енергија, јавуваат локалните медиуми.

„Повеќето патишта во селата Бела Река, Јасеново, Куќани, Божетиќи, Трудово, Драглица и Акмачиќи по синоќешните врнежи од снег се под снежна блокада. Силниот ветер предизвика наноси високи по неколку метри. Сите машини што ги имаме се на терен, а непроодните патишта мора да ги пробиеме до крајот на денот.“, изјави за Рина.рс градоначалникот на Нова Варош, Радосав Васиљевиќ.