Снимен убиецот од Хамбург? Влегол во храмот на Јеховините сведоци преку прозорец (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
251 прегледи

Во синоќешниот напад на црквата на Јеховините сведоци во Хамбург загинаа најмалку седум лица, а еден млад човек е убеден дека го снимил напаѓачот како влегува во зградата.

Грегор Мисбах, кој живее во близина на зградата каде што се случи масакрот, го слушнал истрелот, по што снимил лице како влегува во зградата преку прозорец.

Потоа, како што вели, се слушнале истрели од внатрешноста на зградата.

Лицето кое го видел подоцна излегло од салата, било забележано во дворот, а потоа испукало повеќе истрели внатре.

Мисбах за германските медиуми изјавил дека слушнал најмалку 25 истрели.

„Откако пристигна полицијата, пет минути подоцна дошло до последниот истрел“, вели младиот човек.

Во овој момент не е јасно дали напаѓачот е во бегство, ниту пак неговото тело го пронашле внатре во зградата.

Од полицијата најавија дека денеска во текот на денот ќе одржат прес-конференција на која ќе изнесат повеќе детали.

Засега не е познат мотивот за нападот.

Слични содржини