Снимкa која ја разбесни јавноста: Полицајци испрскаа војник со солзавец поради полесен сообраќаен прекршок

од Stefanija Kuzmanovska
505 прегледи

Поручникот Карон Назарио, со афроамериканско потекло, возел со нов теренец чии повремени регистарски таблички биле залепени на прозорецот. Полицијата во американскиот град Виндзор му дала знак да сопре, што и го направил направи.

Тој на полицијата ѝ кажал дека се плаши да излезе од возилото, по што еден од полицајците му рекол дека и треба. Во обвинението против Назарио се вели дека полициските службеници пријавиле дека тој нема регистарска табличка и дека бега од полицијата.

На снимката се гледа како војникот со кренати раце во воздух им кажува на полицајците дека не сторил никаков прекршок. Во неколку наврати ги замоли да се смират. Иако не покажал видлив отпор, бил испрскан со солзавец, фрлен на подот и уапсен.

Случајот предизвика гнев кај голем дел од јавноста, а поручникот исто така најави тужба против полициската станица во Виндзор, пренесува „Гардијан“.

Гувернерот на државата Вирџинија каде се случи инцидентот побара истрага.

Слични содржини