Снимка од страшното невреме во Франција: Срушена камбанарија на црква, ветерот носеше покриви

од Stefanija Kuzmanovska

Силни врнежи проследени со грмежи го донесоа многу потребното ладење во делови од Западна Европа по првата летна топлина. Десетици луѓе се удавија додека во вода бараа спас од топлината, пренесува АП.

Германската метеоролошка служба објави дека температурите на запад и север од земјата паднале од над 30 степени Целзиусови на околу 20 степени по силниот дожд за време на викендот.

И Франција по неколку жешки денови беше погодена од силни грмотевици, што предизвика уривање на камбанаријата на една црква во едно село во централниот дел на земјата. Невремето оштети лозја и поплави куќи и јавни згради.

Во Шампањи, ветровите достигнаа брзина од 137 километри на час, сечеа дрвја и уриваа кровови. Големиот град оштети автомобили и куќи, а француската национална метеоролошка служба регистрираше 44.000 громови само во саботата.

Нема пријавено смртни случаи како последици од невремето, но пријавено е давење во повеќе земји бидејќи луѓето барале спас од топлината во базените, езерата и реките.

Најмалку 15 лица се удавија во Полска за време на викендот, а спасувачите велат дека најчести причини за давење се несовесноста, преценувањето на способностите за пливање и пливањето после пиење алкохол.

Полицијата во Холандија соопшти дека две тела биле пронајдени во реката Вал, притока на Рајна. Идентитетот на жртвите не е потврден, но полицијата во соседна Германија соопшти дека описот на телото се совпаѓа со описите на две девојчиња на возраст од 13 и 14 години, кои исчезнаа минатата недела додека пливаа на Рајна близу Дуизбург. Трет тинејџер беше извлечен мртов од таа река во средата.

Вкупно, повеќе од 19 лица се удавија во Германија во текот на изминатата недела.

Слични содржини