Главната уредничка на РТ, Маргарита Симонјан објави видео од аеродромот во Томск на нејзината сметка на „Телеграм“.
Видеото покажува дека чашата од која рускиот опозиционер Алексеј Навални пиел, ја добил од неговиот асистент.
„Камерите за видео надзор на аеродромот во Томск покажуваат Навални како седи на маса без пијалок. Подоцна, Иља Пахомов, вработен во Фондацијата за борба против корупцијата и помошник на Навални, му носи чаша. Тоа значи дека никој не можел да знае за кого се подготвува пијалокот“ заклучи Симонјан.
Навални беше отруен порано денес на летот од Томск кон Москва. Авионот итно слета на аеродромот во Омск. Лидерот на опозицијата е пренесен во болницата, каде паднал во кома.
Подоцна, заменик-главниот лекар во болницата во Омск, Анатолиј Калиниченко, објави дека неговата здравствена состојба е стабилна.
Засега се претпоставува дека Навални била отруен од нешто што се ставило во неговиот чај на аеродромот.