Снопче: Дејствуваме за да дојдеме на власт

од Nikola Popovski
293 прегледи

Пратеникот од редовите на Алијанса за Албанците, Халил Снопче вечерва истакна дека како опозициска партија, дејствуваат за да дојдат на власт.

-Се поставува важно прашање, кој е вистинскиот блокатор на Собранието, на работите кои се поврзани со правата и слободите на граѓаните. Тие права се гарантирани со уставото и во било која држаа, тие се неприкосновени. Зошто Џафери, за кој сметам дека е вистинскиот блокатор на работата на Парламентот, не дозволува расправа во Собранието за точки и за претставки на граѓаните кои сметаат дека нивните права се загрозени и кои се дискриминирани од институциите на системот, рече Снопче во емисијата „24 анализа“.

Слични содржини