Снопче: Доколку Алијанса е надвор од Владата, неминовни се нови парламентарни избори

од Nikola Popovski
142 прегледи

Пратеникот кој е дел од едното крило на Алијанса на Албанците, Халил Снопче порача дека партијата не била поканета да учествува на вчерашното претседателство на ВЛЕН како единствен политички субјект. Според него, не одлучиле самоиницијативно да не присуствуваат.

-Јас не знам какви одлуки се донесени на состанокот и немам официјална потврда од собраниските служби дека 9-те пратеници од вкупно 14 на ВЛЕН поднеле барање за посебна пратеничка група. Се додека немам таква информација, не можам да коментирам. Но, ако тоа се случи, по автоматизам имплицира и пратеничка група на АА од петте пратеници, рече Снопче во изјава од Собранието.

Засега Снопче е координатор на пратеничката група на ВЛЕН, но, не знае до кога ќе биде така.

Во таборот на крилото на Арбен Таравари, пратеникот истакнува дека не гледаат проблем и доколку би биле во опозиција. Меѓутоа, општа констатација е дека доколку АА е надвор од Владата, тогаш неминовно доаѓа во прашање одржување на нови парламентарни избори.

-Несомнено дека Владата ги има бројките и без АА, но ќе биде нестабилна со само девет албански пратеници, рече Снопче.

Слични содржини