Снопче: ДУИ на линија со Левица се спротивстави на изборот за Албанец претседател на Собранието

од Nikola Popovski
594 прегледи

Пратеникот од редовите на ВЛЕН, Халил Снопче во изјава за албанската „Ora News“ ја критикувал коалицијата Европски фронт поради бојкот на гласањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши. Снопче изјавил дека за првпат во земјава имало жестока дебата за изборот на Албанец претседател на Парламентот, каде, според него, Левица го навредила изборот на албански претставник на чело на Собранието, додека другата страна, ДУИ, наместо да ги штити националните интереси, си заминала од салата и го бојкотирала процесот:

„Европскиот фронт на ДУИ на Али Ахмети од само ним познати причини одлучи да ја напушти седницата и да не учествува во моментот на гласање за новиот претседател на Собранието на Северна Македонија, кој беше Албанец. Така Африм Гаши од коалицијата ВЛЕН со 76 гласови „за“ е избран за претседател на Собранието. Интересно беше што за прв пат во историјата на Собранието имаше жестока дебата, од страна на пратениците на Левица, која е партија со комунистички акцент, го наследуваат комунистичкиот дух, екстремниот левичарски дух и се декларирана проруска партија. Тие со нивните 6 пратеници што го добија мандатот водеа остри дискусии главно антиалбански“, рекол Снопче за телевизијата.

Според него, најголемата несреќа лежи во тоа што ДУИ се усогласила со ставовите на Левица.

„Големата несреќа, што на овој ден што требаше да биде празничен за Албанците од Северна Македонија, каде што имаме ротација, што Албанец како Талат Џафери беше заменет со друг Албанец, Африм Гаши, всушност ние бевме принудени да се соочиме со крајниот шовинизам на пратениците на Левица и ДУИ, кои не учествуваа на седницата на која беше избран албанскиот спикер. ДУИ, за жал, застана на иста линија со Левица“, истакнал пратеникот.

Слични содржини