Координаторот на пратеничката група на коалицијата ВЛЕН, Халил Снопче изјавил дека одговорот што денеска го добил од премиерот Христијан Мицкоски не значи дека на албанскиот партнер од владината коалиција му се покажува вратата за излез од Владата.
Сепак, во изјава за „Lajm press“, Снопче рекол дека ако дојде до тоа, и тој му посакува среќа на Мицкоски, како што претходно му посака премиерот.
„Премиерот, секако, даде таква изјава бидејќи мислам дека и тој е свесен од каде доаѓаат овие иницијативи. Посвесни од нас дека некој сака да фрли искри на криза во владеењето. Значи има поголемо искуство и мислам дека веќе не е релевантно. Нормално, вели ако некој ја напушти власта, ние му посакуваме среќа и велиме, им посакуваме и на сите среќа ако дојдеме до тоа ниво. Тоа е нормална изјава, тој е премиер. Ние имаме свои автономни политики, ние сме партнер, но кога партнерството не функционира, тогаш тоа е многу нормално, секој на свој начин. Тоа е прифатено со спортски дух, нема ништо трагично во ова. И сигурно во иднина ќе функционираме како баланс на силите до реализација на нашите програмски определби“, посочил Снопче.
Одговарајќи на новинарски прашања, шефот на владата дециден-не работам под закани и уцени, по изјавата на Снопче од дека ќе ја напуштат Владата ако Законот за бранители биде изгласан. Мицкоски кратко одговори-нека му е со среќа.