Во своето гостување во „Топ тема“, пратеникот од редовите на Алијанса на Албанците, Халил Снопче посочи дека владејачкото мнозинство не создава кворум за важни прашања во парламентот, туку само кога имаат свој личен интерес.
„Потегот на Заев е нелогичен, бидејќи сметам дека не треба да се пребројуваме. Факт е дека еден месец немавме во земјава седници и не можеа да се усвојат низа закони. Но, проблем во парламентарното мнозинство имаше и тоа беше видливо. Последната седница беше кога беше изгласан Зибери за народен правобранител. Оттаму, за ваквите закони и одлуки, тие обезбедуваат кворум. АА и Алтернатива не излегле со шпекулации, но секогаш сме гарантирале дека нашата пратеничка група е стабилна. Доволно е да се создаде кворум и да се изгласаат законите во Собранието. Откако ние се заканивме дека ќе ја блокираме работата на Собранието, за законот за државјанство, веднаш се покрена интерес за таа тема. Ниту Буџетот, ниту вакцините кога беа тема на расправа не ги блокиравме“, истакна Снопче.