Снопче: Проблемот на ВЛЕН не е ДУИ туку Алијансата за Албанците

од Nikola Popovski
314 прегледи

Пратеникот Халил Снопче реагираше преку објава на социјалните мрежи, анализирајќи ги најновите случувања на политичката сцена во Македонија, особено превирањата во албанскиот политички блок.

„Како математичар“, пишува Снопче, „пред каков било политички заклучок, имам навика да ги утврдувам фактите. За жал, ни недостасува традицијата на утврдување на фактите, без која секој политички заклучок е неоснован.“

Тој открива две факти кои ги смета за неоспорни. Според него, додека Алијансата за Албанците била во опозиција, никогаш немало целосно единство на албанската опозиција за победа над ДУИ. Снопче истакнува дека некои партии дури и соработуваа со СДСМ.

-Дури откако Алијансата влезе во Владата, беше создаден сојузот на другите партии во форма на ВЛЕН. Додека Алијансата беше дел од коалицијата ВЛЕН, немаше иницијатива за формирање заедничка партија, иако таков беше договорот. Но штом Алијансата одлучи сама да излезе со листи на советници, другите три партии веднаш одлучија да се спојат во една партија, посочува пратеникот кој го поддржа Арбен Таравари во излегувањето од Владата.

Снопче смета дека овие факти водат до јасен заклучок: „Проблемот за овие партии не е ДУИ туку Алијансата за Албанците“. Тој завршува со реторичко прашање: „Дали е случајност или не? Нека процени секој сам“.

Слични содржини