Снопче: Се согласивме во ВЛЕН централната власт да се распределува пропорционално, но локалната не може да се дели на ист начин

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

Пратеникот на Алијансата за Албанците од крилото на Арбен Таравари, Халил Снопче синоќа рече дека токму поради одлуката на АА да се здружи со другите партии и да се формира ВЛЕН, на крајот резултираше со добиени 107 илјади гласови. Тој рече дека тоа е одличен резултат што го добија од последните избори и ја испратија ДУИ во опозиција.

„Во сите други влади каде ДУИ беше во влада и имаше монопол, тие беа корумпирани и неуспешни влади. Никогаш не направија ревизија на она што го ветуваа и што правеа во периодот додека беа во владата“, кажа Снопче во вестите на Тв Сител.

Според него, ДУИ и да се вратат во влада, сфатиле дека нема секогаш да бидат дел од неа и ако владееле неодговорно, ќе одговараат.

Додаде дека веднаш по изборите било соодветно ВЛЕН да стане политичка партија бидејќи е јасно дека не може да функционира со четворица лидери.

„Ние како АА, иако имаме 5 пратеници, повеќе од сите партнери на ВЛЕН. Се согласивме централната власт да се распределува пропорционално, но локалната власт не може да се дели на овој начин. Локалната власт не е игра на среќа. Мора да ги разгледаме и другите околности, како на пример кој е кандидатот и како е поставена партијата“, рече Снопче.

Тој додаде дека им предложиле на коалициските партнери да направат анкети, но не биле прифатени од другите партии во ВЛЕН.