Снопче: Уставните измени отвораат патишта на перспективата, но Македонија не го прави првиот чекор

Според пратеникот Снопче, по уставните измени, доколку има нови услови и притисоци, Македонија може да се откаже од отворање на следните поглавја од преговорите со ЕУ

од Nikola Popovski
14 прегледи Фото: Фејсбук

Пратеникот од едното од трите крила на Алијанса за Албанците, Халил Снопче смета дека треба да се направат уставните измени и да започнат преговорите за членство на Македонија во ЕУ, што, како што рече, ги отвора патиштата на перспективата.

Снопче во дебатна емисија порачал дека треба да се направи првиот чекор, што според него, Македонија не го прави.

„Направете ги уставните измени, започнете ги преговорите и потоа се отвораат патиштата на перспективата. Потоа, ако утврдите дека може да има други услови и други притисоци, можете да се откажете. Не ги отворајте другите поглавја, но тие не го сочинуваат првиот чекор“, рекол пратеникот од крилото на АА, предводено од Арбен Таравари.