Сноуден: Бомбардираните тунели во Авганистан ги градеше ЦИА

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Тунелите во Авганистан што ги корстат борци на ИД, а кои беа цел на американското бомбардирање со „мајката на сите бомби“, се направени по налог на ЦИА, напиша на Твитер Едвард Сноуден, поранешен припадник на американската НСА.

– Тие муџахедински тунели што ги бомбардиравме во Авганистан? Ние сме ги платиле, објави Сноуден и прикажа исечок од Њујорк тајмс во кој се наведува дека тунелите во непристапен дел во Авганистан ги финансирала ЦИА за да се изгради комплекс за муџахедини за време на војната со СССР.

Во текстот пишува дека во изградбата учествувала градежната фирма на таткото на Осама бин Ладен, подоцна лидер на Ал Каеда. Се споменува и дека Бин Ладен сам управувал со булдожер со кој се пробивани тунелите.

Американската армија врз тие тунели ја фрли најголемата ненуклеарна бомба направена некогаш, т.н. „мајка на сите бомби“. Нападот беше извршен во договор со властите во Авганистан и притоа загинаа 94 припадници на ИД