Американскиот свиркач Едвард Сноуден положи заклетва како руски државјанин и доби руски пасош, изјави во петокот неговиот адвокат Анатолиј Кучерена.
„Сопругата на Сноуден, Линдзи Милс, исто така поднесе барање за руско државјанство“, рече Кучерена во интервју за руската државна новинска агенција ТАСС.
Рускиот претседател Владимир Путин на 26 септември потпиша указ со кој на Сноуден му се доделува руско државјанство.
Во 2013 година, Сноуден, поранешен вработен во американската Агенција за национална безбедност, со тајни документи ги разоткри активностите на американската разузнавачка мисија ширум светот, по што доби азил во Русија, каде што оттогаш живее.
Неговата тогашна девојка Милс му се придружи во Русија во 2014 година. Тие се венчаа во 2017 година и добија син во 2020 година.