Сноуден за инцидентот со авионот на „Рајанер“: Скандалозно

од Nikola Popovski

Едвард Сноуден, поранешен соработник на ЦИА, обвинет во Америка за откривање на државни тајни, кој добил азил во Русија, коментира за присилното слетување на авионот на „Рајанер“ во Минск и за апсењето на белорускиот блогер, нагласувајќи дека станува збор за скандалозен инцидент.

„Присилното слетување на авион со цел апсење на неистомисленици отсекогаш бил скандалозен настан. Тоа е модерен термин за „присилна екстрадиција“ од времето на Буш (меѓународни киднапирања од страна на државни агенти) и треба да се бориме против тоа“, напишал Сноуден на Твитер.

Инцидентот со авионот на компанијата „Рајанер“ е поради приведување на Роман Проташевич, опозициски активист и новинар, кој се соочува со обвиненија во Белорусија, кои може да му донесат 15 години затвор. Тој беше во авионот од Атина, Грција, до главниот град на Литванија, Вилнус, кога го смени курсот меѓу двете членки на ЕУ за да се упати кон Минск. Белоруската државна новинска агенција БелТА објави дека Лукашенко лично наредил борбен авион МиГ-29 да го придружува авионот на Рајанер за да слета во Минск, наводно поради закана од бомба. Официјалните лица подоцна соопштија дека не бил пронајден експлозив во авионот.

Слични содржини