Сојузниците на Киев ветија повеќе од една милијарда евра помош за Украина

од Stefanija Kuzmanovska
177 прегледи

Француската министерка за надворешни работи Катрин Колона денеска на меѓународната конференција за помош на Украина соопшти дека учесниците на конференцијата ветиле помош вредна над една милијарда евра.

„Ројтерс“ претходно објави дека украинскиот претседател Владимир Зеленски им рекол на учесниците на донаторската конференција дека на Украина ѝ е потребна итна енергетска помош во вредност од најмалку 800 милиони евра, бидејќи руските сили ја гаѓаат цивилната инфраструктура низ целата земја.

Германската министерка за надворешни работи Анален Бербок рече дека Берлин ќе одобри помош од 50 милиони евра, а францускиот претседател Емануел Макрон рече дека Франција ќе обезбеди 48,5 милиони евра помош, како и 63 електрични генератори.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, изјави дека ЕУ ќе испрати 30 милиони ЛЕД светилки во Украина и изјави дека „користењето на овие светилки ќе заштеди 1 гигаволт електрична енергија, односно годишно производство на една нуклеарна централа“, објави „Ројтерс“.

Канадската вицепремиерка Кристиа Фриланд рече дека Канада ќе обезбеди финансиска помош од 115 милиони долари за поправка на електричната мрежа во Киев по најновите руски напади врз енергетската инфраструктура во земјата.

Слични содржини