Со 10 000% скокнаа молбите на Британци за полско државјанство по референдумот за Брекзит, соопшти амбасадата на Полска во Велика Британија, цитирана од весникот Evening Standard.
Од референдумот па наваму, околу 1.000 луѓе се поврзале со амбасадата, за да побараат информации како можат да добијат полски пасоши. Предходно добивавме по десетина барања на месец, наведува портпаролот на институцијата.
Станува збор за Британци кои се потомци на еден или двајца полски родители или имаат Полјак меѓу бабите и дедовците си. Тие имаат право на државјанство. Барања има и од сопружници на полски граѓани, иако тие обично не добиваат пасош.
По референдумот во кој 52% од граѓаните на Велика Британија побараа да ја напуштат ЕУ, многу луѓе се плашат дека нивните можности за слободно патување во Европа ќе бидат ограничени.
Слично зголемување забележа неодамна и ирската амбасада во Лондон, откако за неколку денови во неа беа добиени над 4.000 барања за издавање на пасоши. Одлуката на Британците да ја напуштат Унијата доведе до силно негативни реакции во Северна Ирска, како и Шкотска и Гибралтар.
Шкотскиот премиер Николас Стърџн се закани со спроведување на нов референдум за независност и побара веднаш да почне преговори со институциите во Брисел.
Премиерот на Гибралтар Фабијан Пикардо изјави дека територијата размислува да го промени правниот статус како британска задморска територија, за да остане во рамките на Унијата.
