Со 8 прсти стигна до Австралија Опен, а лекарите ѝ рекоа да се откаже од тенисот

од Nikola Popovski

Херој на неделата во тенискиот свет е Франческа Џонс.

Таа успеа да стане првата тенисерка што стигнала до грен слем турнир со ваков проблем – родена е со вродена аномалија, поради што има само четири прста на двете раце, три прста на едната и четири на другата нога.

Многумина би се откажале од спортот, а не Франческа, 20-годишна тенисерка која претрпе 10 операции и чиј најдобар пласман е 241. место на ВТА-листата.

Во својата кариера заработила околу 100.000 долари од омилениот спорт, има пет ИТФ-титули, а сега го привлече вниманието на светската јавност, со увертира за Австралија опен, која го обезбеди учеството преку квалификации.

Франческа не само што има помалку прсти на рацете туку и нејзината десна дланка е значително помала. Меѓутоа, тоа не ја спречува да го држи рекетот цврсто и силно да го удира топчето.

„Луѓето велат дека не можам правилно да го држам рекетот, многумина ме критикуваа, но тоа само ме мотивираше. Вистина е дека понекогаш ми се кршат ноктите затоа што морам да го држам цврсто рекетот и исто така рамнотежата ми е тешко да ја одржувам поради тоа што на десната нога која што ми е доминантна, имам само три ножни прсти“, вели Џонс.

Слични содржини