Со „амин“ на Путин, Милош Биковиќ доби руско државјанство

од Vladimir Zorba

Добро познатиот српски актер Милош Биковиќ доби руско државјанство, објавено е на официјалниот портал за правни информации на Русија.

„Да се даде руско државјанство на следниве лица:… Милош Биковиќ, роден на 13 јануари 1988 година во Србија“, стои во указот потпишан од рускиот претседател Владимир Путин, пренесе „Спутник“.

Милош Биковиќ е еден од најпознатите актери, и во Србија и во Русија. Познати се неговите филмови „Балканска граница“, „Монтевидео, Бог те виде“, „Јужен ветер“, „Гранд“ и „Магомаев“.

Биковиќ на својот Фејсбук профил напиша дека за него добивањето руско државјанство е благослов и извор на среќа.

„Повеќе од 7 години учествувам активно во културниот живот на Русија. За мене, тоа е благослов и извор на среќа. Јас сум благодарен! Уште од првиот ден се чувствувам прифатено во сите сфери на општеството и сега е официјално потпишано од претседателот. Тоа е голема чест за мене! Ќе продолжам да работам на приближување на нашите народи преку културата“, напиша Биковиќ.

Слични содржини