Со антикризните мерки обезбедуваме 5-месечна поддршка до 3.000 денари за 187 илјади пензионери, порача премиерот

од Nikola Popovski
147 прегледи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, на денешниот настан за промоција на монографија, посветена на Сојузот на борци, ја потенцираше и егзистенцијалната грижа за повозрасните категории граѓани, преку антикризни мерки и преку системски решенија.

„Грижата за стандардот на повозрасните категории граѓани е подеднакво важна и затоа сакам и тука да потенцирам дека со новиот пакет антикризни мерки се опфатени 187 илјади пензионери, кои во наредните 5 месеци ќе добиваат државна финансиска поддршка. Пензионерите со пензија до 14.000 денари – по 3.000 денари месечно, од 14.000 до 16.000 денари – по 2.000 денари, а пензионерите со примања од 16.000 до 19.000 денари – по 1.500 денари месечно”, посочи премиерот.

„Со новата Методологија осигуравме постојан раст на пензиите и тоа веќе дава резултати. Просечната пензија денес изнесува  20.100 денари, што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година. А, минималната пензија е 13.150 денари, што е за 4.300 денари повеќе во однос на 2016 година. Да потсетам дека со измени на Законот за социјална заштита, воведовме и социјалната пензија, за лицата над 65 години, кои немаат никаков приход и не можат по друг основ да остварат пензија. И потврдувам и овде, дека, по примерот на Законот за минимална плата во државата, со закон ќе утврдиме и минимална пензија”, порача премиерот Ковачевски.

Слични содржини