Со бомба се заканувал дека ќе спречи политички митинг во Чешиново -Облешево

од desk2
108 прегледи

Т.Ј. (44) од Облешево рекол дека ќе спречи најавен митинг на политичка партија во селото, заканувајќи се дека ќе фрли бомба, со што ќе го спречи говорот на претседателот на таа партија и на кандидатот за градоначалник на општина Чешиново-Облешево.

Тој ги соопштил заканите во разговор со присутните гости во пицерија, по што случајот телефонски бил пријавен во полициската станица Кочани.

Т.Ј. потоа бил повикан во полициската станица на разговор, по кој заминал.