Со булеварот „Македонија“ за третина ќе се намали сообраќајниот хаос, тврди Орце

Според Ѓорѓиевски, станува збор за стратешки проект што значително ќе го подобри сообраќајниот проток

од Nikola Popovski
19 прегледи Фото: Фејсбук/Орце Ѓорѓиевски

Интензивно се работи на реализацијата на еден од најголемите капитални проекти во Скопје, булеварот „Македонија”, со кој за првпат во државата се гради и пушта во употреба првата подземна сообраќајница, објави на Фејсбук градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

-Со неговата реализација, метежот и сообраќајниот хаос во Скопје ќе се намалат за најмалку 33%, што претставува огромен чекот кон пофункционален, поуреден и поефикасен град. Најдоброто, доаѓа, изјави градоначалникот.

Според Ѓорѓиевски, станува збор за стратешки проект што значително ќе го подобри сообраќајниот проток и ќе донесе ново, модерно решение за урбана мобилност во главниот град.