Со чесност и посветеност ништо не може да ги спречи Промените на дело, кажа Мицкоски

од Vladimir Zorba

Промените во Гевгелија веќе се чувствуваат. Гевгелија покажа како се работи. И покрај наталожените проблеми, заборавените потреби на граѓаните и предизвиците во кои што ја втурнаа цела држава, покажавме дека со чесност и посветеност може да се решат многу проблеми, изјави во своето обраќање градоначалникот на Општина Гевгелија Андон Сарамандов, во кампањата „Промените на дело” во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

– Гевгелија добива нова атмосферска канализација во градот во должина од 6.500 метри, Негорци и Прдцејци добиваат нов водоснабдителен систем, реализирани се две нови мултифункционални спортски игралишта за младите и Младински дом во Прдејци, истакна тој.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потенцираше дека Сарамандов и неговиот тим годинава ја оправдаа довербата на гевгеличани, се вложија себе си за Гевгелија да ги доживее промените.

– Со задоволство присуствував на отворањето на Младинскиот дом. Оваа година верувам дека посветено ќе го исполни дадениот збор, а тоа е почеток на изградба на Западниот булевар. огромен капитален проект чии што две фази чинат 85 милиони денари. И тука знам дека нема да застане бидејќи Гевгелија заслужува, граѓаните мора да се чувствуваат достоинствени и горди на својот град. Тоа ја враќа вербата дека може и мора поинаку, дека зборот во Македонија вреди и дека со чесност и посветеност ништо не може да ги спречи Промените на дело, изјави Мицкоски.

Слични содржини