1-lesen-chokoladen-mus-kafepauza.mk_

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 200гр чоколадо
  • 1 лажица шеќер
  • 20-30 гр путер

Начин на подготовка:

Во тенџере со вода, ставете сад и во него растопете ја чоколадата за готвење и путерот. Растопената чоколада оставете ја да се олади. Во друг сад изматете ги белките со шеќерот во густа и цврста шлаг пена, а жолчките измешајте ги со изладената чоколада. Малку по малку додавајте од цврстата шлаг пена и мешајте полека дозволувајќи повеќе воздух да влезе во смесата. Ставете  во чаши и оставете во ладилник да се стегне минимум 4 часа.

Декорацијата е избор на вашата креативност! На здравје!

 

Слични содржини