Со црева краделе гориво од возила на јавно претпријатие

од Nikola Popovski
206 прегледи

На 11.09.2023 околу 21.00 часот во Маврови Анови, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Д.С.(52) и С.М.(55), двајцата од Куманово.

Тие биле затекнати како од две возила оставени на паркинг, сопственост на јавно претпријатие во кое работеле, со црева одземале гориво од резервоарите. Кај нив биле пронајдени и одземени седум пластични канти со гориво и две црева.

Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе им бидат поднесени соодветни пријави.

Слични содржини