Со џип во река: Поп ги храбри капачите на Водици (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Снимка на свештено лице од Србија стана хит на социјалните мрежи, откако на видеото од традиционалното Богојавленско капење за Светиот крст, попот прво со џип влегува на сред река, а потоа ги „охрабрува“ учесниците во традиционалниот настан.

„Немој, ќе се преврти“, извикал еден од присутните додека џипот се спуштал во поплиткиот дел од реката, паркирајќи се во вистинската позиција за да им го фрли Светиот крст на капачите во водата.

Кога свештеникот се нашол на вистинското место, во моментот кога младите се приближувале до реката преку мостот, се слушнало прашање, кое наводно попот им го поставил на момчињата кои решиле да пливаат за Светиот крст на студеното време.

„Ајде, имаш ли м *да?“ било прашањето, по што се слушнала смеа на насобраните. Во овој момент не е познато каде во Србија е направено видеото кое за кратко време стана вистински вирален хит на социјалните мрежи.

Слични содржини