Со добра перница и душек до поубав сон

од desk4
257 прегледи

Дали знаете дека една третина од животот поминуваме спиејќи. Затоа  од суштинско значење за квалитетниот сон се перницата и душекот кои го потпираат ‘рбетот и се грижат дали наутро ќе се разбудиме со насмевка на лицето наместо со болки во грбот.

Малите совети за квалитетен сон ќе овозможат секое утро да се будите одморени, порасположени и подготвени за новите работни победи кои ги носи новиот ден.

Една од причините за лош сон може да биде и лошата перница. Затоа таа треба да биде избрана според положбата во која спиеме.

Ако спиеме на страна, потребна е висока перница, за да може без оптоварување, вратот да биде во линија со грбот. Изборот може да биде и анатомска перница, бидејќи на рбетот му дава најдобра потпора во рамената и грбот бидејќи го  става во неутрална положба.

Доколку спиете на стомак, која е најомилена поза кај многу од луѓето, потребна е ниска перница, бидејќи на тој начин ‘рбетот се става во правилна положба.

Но, не само перницата, за добар сон потребен е и добар душек. Причината за тоа што се  будиме со болки во грбот и вкочанетост можеби се се истрошеноста на душекот и перницата на кои спиеме.

Затоа одвреме-навреме треба да се менуваат. Перницата треба да се менува на секои две години, но душекот може да издржи 7-9 години ако изборот што сте го напавиле е добар.

За добар сон, пожелно е и вежбањето, но само доколу ваквата активност завршува најмалку три часа пред спиење.

Седечките активности треба да ги замениме со што повеќе физички активности за да може телото природно да се заморува.  Заспивањето ќе биде потешко ако седиме цел ден.

Многу луѓе спиењето го доживуваат како активност која ги спречува да  се посветат на омиленото хоби. Поради таквото размислување, тие легнуваат подоцна отколку што треба и затоа често не успеваат да ги отспијат осумте часови препорачани од лекарите.

Препораката е на спиењето да се гледа како на позитивна активност и на нормален физиолошки процес кој ни овозможува да се одмориме, да имаме добро расположение, добар имунитет и квалитетен живот.

 

Затоа на сонот треба да се гледа со нетрпение, а не да се смета за неопходно зло.

Слични содржини