Со „Фајзер“ ќе се вакцинираат деца од 12 до 16 години

од Берта Китинска
322 прегледи

Во земјава околу 400.000 граѓани се веќе вакцинирани од кои 240.000 се ревакцинирани, а до крајот на оваа недела ќе заврши и вакцинирањето на сите 60.000 пријавени кои добиле термин заедно со граѓаните кои се вакцинирани во Србија.

– Од понеделник ќе почне теренската вакцинација, ќе се дозволи вакцинирање на деца од 12 до 16 години со вакцината на „Фајзер“ што во овој момент е единствена вакцина која е дозволена да се користи согласно препораките во внатрешното упатство за оваа категорија на деца на оваа возраст, потенцира министерот за здравство Венко Филипче и додаде дека досега нема нус појави кај вакцинирани деца.

Филипче пред извесен период најави дека ќе се прават анализи за можно вакцинирање на децата од 12 до 16 години. Целта, според министерот, е да се изработат протоколи со кои ќе се овозможи децата да се вратат на физичка настава во училиштата од 1 септември.

Слични содржини