174
Од утре ќе почне вакцинирањето со „Фајзер” на децата од 12 до 17 години чии родители/старатели се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk. Според Министерството за здравство, пријавени се околу 1800 деца.
Според последните податоци од Министерството за здравство, заклучно со петокот вакцина примиле вкупно 453 773 граѓани, а целосно имунизирани односно со двете дози се 272 129.
Вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата во земјава достигна 155 922 од 930 540 тестирања на ковид -19. Оздравени се 150 170, а починати 5487. Вкупно активни случаи има 265.